Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 27.04.2015 17:37

    Црвена звезда на победа до титулата

    Кога за пехарот се потребни три победи, 2:0 е голема предност, но тоа не значи дека кошаркарите на Црвена звезда веќе можат да се радуваат на првата АБА титула. И Будуќност имаше вакво водство, но Цедевита е таа што обезбеди трето клупско финале и учество во Евролигата.

  • Кошарка 27.04.2015 13:54

    Кливленд и Вашингтон максимално, Далас “преживеа“, а ЛА Клиперс израмни против шампионот

    Екипите на Кливленд и Вашингтон експресно се пласираа во полуфиналето на Источната конференција од НБА лигата. “Коњаниците“ славеа и на второто гостување во Бостон со 101 : 93 и го “збришаа“ најтрофејниот тим во историјата по 4 дуели.

  • Кошарка 23.04.2015 18:12

    Атланта и Антиќ несовладливи дома

    Во трите синоќешни НБА натпревари, највредна  е  победата на шампионот Сан Антонио којшто направи брејк против Клиперс. Затоа пак, Атланта и Перо Антиќ не дозволуваат Бруклин да им ја одземе предноста на домашниот терен во првото плеј - оф коло коешто се игра до четири триумфи.

  • Кошарка 22.04.2015 22:42

    Цедевита ја доби мајсторката

    Цедевита е во Евролига, ќе игра финале против Звезда. Морача е освоена во третиот обид (66:70), падна Будуќност на најсериосниот испит сезонава.

  • Кошарка 21.04.2015 13:51

    Голден Стејт и Чикаго не дозволија брејк

    Голден Стејт и Чикаго максимално ја искористија предноста на домашниот терен во првото НБА плеј - оф коло. Најдобрата екипа од основниот дел од сезоната, Голден Стејт поведе со 2:0 против Њу Орлеанс откако славеше со 97:87.

  • Кошарка 20.04.2015 17:46

    Белградското дерби во сиот „сјај“

    Црвениот гигант ја заврши работата, го чека противникот од мајсторката в среда. Звезда конечно, по 21-на година го сруши Партизан во еден плеј-оф двобој, а Цедевита со втората победа по ред во Загреб се избори за мајсторка во Подгорица, против Будуќност.

  • Кошарка 20.04.2015 14:07

    Антиќ стартуваше во “плеј офот“ со победа, домаќините не дозволија изненадување

    Перо Антиќ постигна 8 поени 3 скокови и 1 асистенција во победата на Атланта над Бруклин со 99 : 92 за почетно водство во серијата до 4 добиени натпревари. Најдобриот тим во Источната конференција поведе со 32 : 20 во првата четвртина и до крајот не дозволи резултатски приклучок.

  • Кошарка 19.04.2015 22:37

    Цедевита израмни, ќе решава мајсторка во Подгорица

    Цедевита и Будуќност ќе играат мајсторка за пласман во финалето на кошаркарската АБА лига. И во денешниот нивни дуел пресуди домашниот паркет, па хрватскиот шампион израмни на 2-2 во серијата подобар до три победи.

  • Кошарка 19.04.2015 19:07

    Блескаво враќање на Роуз, дербито на Тексас за Хјустон

    Дерик Роуз го предводеше Чикаго до победа над екипата на  Милвоки со 103 : 91. Најмладиот МВП во историјата на лигата имаше неколку сложени операции во текот на изминатите 3 години, но блескаше во првиот “плеј оф“ меч од 2012 година со 23 поени и 7 асистенции.

  • Кошарка 19.04.2015 19:03

    Цедевита пак, а Партизан првпат пред победнички императив

    Во серијата на хрватскиот и на црногорскиот шампион засега доминантна е предноста на домашниот паркет. Будуќност води со 2-1 и ќе се пласира во финалето со евентуална победа во втората загрепска викенд пресметка. Затоа Цедевита че се обиде да го одржи вчерашното одлично ниво.

Pages