Вечерва, со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Фестивалот е во организација на дискографската куќа „ПМГЏез“.
-
Култура 23.09.2022 10:56
-
Култура 22.09.2022 14:15
Прилепскиот музеј со повеќе настани ја одбележува Европската недела на културното наследство
Уметниците во музејот, археолошките наоди на увид, креативна работилница, историски споменици, едукација за заштита на недопирливото културно наследство. Прилепскиот завод и музеј ја почна европската недела на културното наследство со четири големи проекти.
-
Култура 22.09.2022 11:50
Европски денови на културно наследство
Денес во Музеј на РС Македонија со отворање на изложбата „Европските денови на културното наследство на Балканот“ започна традиционалната манифестација „Европски денови на културно наследство“.
-
Култура 22.09.2022 11:12
Изложба на Јана Јакимовска во МСУ
На 23 септември 2022 во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се отвори изложбата Ретро: телесни ретроспективи на уметницата Јана Јакимовска. Изложбата е со мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе рецентни периоди од нејзиното творештво.
-
Култура 21.09.2022 20:08
Отворена изложбата „Зад Македониумот“ во Кабинетот на претседателот
Во Кабинетот на претседателот беше отворена изложбата „Зад Македониумот“ – скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од нашите најпознати споменични обележја, Македониумот во Крушево.
-
Култура 21.09.2022 13:31
Светска премиера на „Кајмак“ на Манчевски во Токио, копродуцент на филмот е МРТ
На 35-от Меѓународен филмски фестивал во Токио светска премиера на „Кајмак“ – најновото филмско остварување на Милчо Манчевски. Режисерот беше првиот македонски автор кој во 1995-та ги проби границите на македонскиот филм во Азија со „Пред дождот“.
-
Култура 21.09.2022 11:46
Операта „Рита“ вечер на малата сцена на Националната опера и балет
Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.
„Рита“ е приказна за млада и убава жена, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
-
Култура 20.09.2022 14:36
Фотографот Иван Блажев со изложба во Кинотека
„Сето време е сето време“ е насловот на изложбата на фотографот Иван Блажев која се отвора вечерва во Кинотека на Република Северна Македонија.
-
Култура 19.09.2022 10:58
Премиерна изведба на дела за четири пијана
Во четврток со почеток во 20 часот во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Трансцеденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска.
-
Култура 16.09.2022 08:22
„Звукот на Скопје“- вечерва и утре скопски летен фестивал на отворено
Една од најголемите манифестации на Културно информативниот центар- Скопје „Звуците на чаршијата“ вечерва и утре на скопјани им нуди дводневен концентриран скопски летен фестивал на отворено. На повеќе локации во Скопје ќе настапат актуелни и свежи локални и интернационални имиња.










