Во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска ќе биде претставен добитникот на наградата „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезијата“ за 2026 година.
-
Култура 19.03.2026 10:12
-
Култура 18.03.2026 18:46
Во МНТ комеморација за актерот Кирил Поп Христов
Вечното момче со нескротлив дух, човек полн со енергија и страст, бунтовник со голем актерски талент. Кирил Поп Христов играше улоги кои никој друг не можеше да ги одигра. Беше испратен со последен аплауз од своите колеги во матичната куќа, Македонскиот народен театар.
-
Култура 18.03.2026 08:51
Поетско-музичка вечер „Светот ја слави поезијата, градот ја слуша“ вечерва во Лабораториум
Триесетина поети ќе учествуваат на целовечерниот поетско-музички настан по повод Светскиот ден на поезијата, што ќе се одржи вечерва во 19 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Ноќта ќе биде посветена на зборот, а неразделна од зборот е и музиката.
-
Култура 16.03.2026 09:10
„Една битка по друга“ триумфираше на годинешните „Оскари“ со шест статуетки
Политичкиот трилер „Една битка по друга“ го доби Оскарот за најдобар филм на 98. доделувањето на најпрестижните филмски награди, синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес.
-
Култура 13.03.2026 16:03
Избран романот на годината
Од романот „Две Марии“ од Славко Јаневски, тргнаа моите „Три Mарии“ вели Оливера Ќорвезироска добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година.
-
Култура 13.03.2026 13:53
98-ми ОСКАРИ ексклузивно на МТВ
Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 98-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, в недела 15 март 2026 г. директно од театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес.
-
Култура 13.03.2026 10:31
Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“
На 14 март со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски.
-
Култура 12.03.2026 20:52
„Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет
На 13 март со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар.
-
Култура 12.03.2026 09:31
Изложба на дела од современи австриски уметници во Чифте амам
Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија.
-
Култура 11.03.2026 20:46
40 години од создавањето на циклусот „Човек – средство и цел“ од Свето Манев
Утре во галеријата „Остен“ во Скопје во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики на хартија од реномираниот македонски уметник Свето Манев. Со тоа ќе бидат одбележани 40-години од создавање на циклусот „Човек – средство и цел“.










