Манифестацијата ќе биде отворена со играно-поетскиот филм за Кочо Рацин ,, Елегија за тебе”. На 21 ноември во Загреб ќе се одржи трибина посветена на Кочо Рцин, на која со свои реферати ќе учествуваат проф. Д-р Васил Тоциновски и д-р Славчо Кофиловски.
-
Култура 18.11.2019 12:12
-
Култура 15.11.2019 14:51
Втора проекција на „Тајните архиви на Скопје“
Поради големиот интерес колажот „Тајните архиви на Скопје“ на 17 ноември ќе има втора проекција во Кино Култура. Целта на проектот „Тајните архиви на Скопје“ е зачувување и афирмација на материјалното и духовното современо културно наследство на градот Скопје.
-
Култура 14.11.2019 12:15
„Животот е прекрасен“ во декември ќе гостува во Белград
Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, а во режија на Александар Морфов, на 8 декември ќе гостува на сцената на Народното позориште во Белград. Гостувањето се реализира во рамките на билатералната соработка помеѓу двете театарски куќи.
-
Култура 14.11.2019 12:10
ФРАГМЕНТУМ- изложба на Александар Ефтимовски
Името на оваа изложба доаѓа од латинскиот израз Fragmentum што буквално претставува конкретен дел, одделен од една целина. Истиот тој „фрагмент“ е секое едно дело создадено од потребата на авторот од физичка активност и темпераментно дејствување врз материјалот.
-
Култура 13.11.2019 11:17
„Панта реи“ на Бојан Ковски во „Акантус“
На 14-ти ноември во галеријата „Акантус“, ќе биде отворена изложбата „Панта реи“ на ликовниот уметник Бојан Ковски. Ковски е млад уметник, на кого уметничката сцена допрва му се отвора.
-
Култура 12.11.2019 15:43
МАНУ одбележа сто години од раѓањето на Димитар Митрев
Академик Димитар Митрев - човек со неверојатен талент за публицистика, врвен полемичар, критичар, кој што дал придонес во теоријата и историјата на литературата. За неговите критики и дела научниците се присетуваат со восхит.
-
Култура 12.11.2019 12:14
Свечен собир по повод 100- годишнината од раѓањето на академик Димитар Митрев
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на академик Димитар Митрев.
-
Култура 11.11.2019 12:38
Изложба „Камените мостови од Македонија“ на Новица Трајковски
Во Центарот за култура „Бели мугри“ на 15-ти ноември ќе биде отворена самостојната изложба „Камените мостови од Македонија“ дел од сликарскиот циклус „Убава е Македонија“ на академскиот сликар Новица Трајковски.
-
Култура 11.11.2019 12:06
Објавен „Реторичкиот речник“ на Трајко Огненовски
„Македоника литера“, го објави лексикографскиот труд на проф. д-р Трајко Огненовски „Реторички речник на поими и дефиниции“, кој претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.
-
Култура 11.11.2019 10:39
85 години планинарско-скијачки дом на Попова Шапка
...„11.11.1934 година е датум запишан во историјата кога започнува приказната за Попова Шапка. Голем број на ентузијасти, визионери, пионери на овие спортови кај нас, ја трасираат патеката по која ние денес одиме.









