Отворени вратите на Спомен куќата на Татарчеви во Ресен. Во него се претставени значајни личности од македонската историја, поврзани со животот и делото на овој револуционер, артефакти, слики, восочни фигури. Во овој проект се вложени 30 милиони денари.
-
Култура 04.04.2016 18:40
-
Култура 01.04.2016 12:54
65 години од формирањето на Државниот архив
Под мотото „Градење мостови“, Државниот архив прославува 65 годишно постоење. По тој повод се одржа состанок, со цел основање на Професионално архивско здружение на архивите од Југоисточна Европа.
-
Култура 31.03.2016 14:49
Нова библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија
Новата библиотека на британската фондација „Кирил Трајковски“ содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади публикации во дигитална форма. Треба да придонесе во едукацијата на младите генерации археолози и стручни лица, да ги надградуваат своите сознанија за наследството на нашите простори.
-
Култура 30.03.2016 17:07
Заврши проектот „Ѕвезди на светската книжевност“
Промовиран и последните 38 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Заврши проектот кој е најкомплексен зафат во историјата на македонската литература и издаваштво – оценува министерката Канческа. За четири години се промовирале 560 дела од светската литература.
-
Култура 29.03.2016 16:47
Премиера на филмот „Џган“
Новиот македонски игран филм „Џган“ кој премиерно ќе биде прикажан утре пред македонската публика, е дебитантско дело на режисерот Вардан Тозија.
-
Култура 29.03.2016 11:42
Отворена изложбата „Ана Франк- лекции за сегашноста“ во Прилеп
Таа е симбол на страдањата, на ужасите од Втората Светска војна врз еден народ, но и показ за сегашноста и како не треба биде.
-
Култура 28.03.2016 15:00
„Денови на македонската музика“ од 30-ти март до 14-ти април
Концерти, светски и домашни премиери.
-
Култура 26.03.2016 18:34
Калиопи ја започна промотивната евровизиска турнеја!
Со гостување во соседна Србија, Калиопи ја започна промотивната евровизиска турнеја.
-
Култура 25.03.2016 08:35
Операта „Турандот“ премиерно во Македонската опера и балет
Македонската опера и балет вечер премиерно ќе ја изведе операта во три чина „Турандот“ од Џакомо Пучини. Таа е една од најпопуларните опери на италијанскиот композитор која МОБ ја обновува по 14 години од првата изведба во Македонија, со нова авторска и солистичка екипа.
-
Култура 23.03.2016 12:37
Министерството за култура откупи три драмски текстови
„Госпоѓиците од Авињон“ на авторот Сашо Димоски, „Најденко во магичниот круг“, на авторот Татјана Гогоска и „Лична Ангелина“ на Загорка Поп-Антоска, се трите драмски текстови избрани на вториот конкурс на Министерството за култура, од 39 пристигнати.









