Во младинскиот културен центар, младата ликовна авторка Неда Фирфова ни презентираше оригинален проект инспириран од масовните игри во поранешните комунистички земји. Конкретно, проектот се однесува на Албанија во времето на режимот на Енвер Хоџа.
-
Култура 02.05.2014 12:51
-
Култура 01.05.2014 12:18
Ќе се реконструира првото училиште на македонски јазик
Во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, годинава ќе биде реконструиран објектот во кој било сместено првото училиште со настава на македонски јазик во с. Подвис, Кичевско.
-
Култура 30.04.2014 16:25
„Песна за стариот комита“ - првиот том од избраните дела на Иван Чаповски
Во книгата е направена селекција од богатата плејада стихови на авторот, создаван во период од половина век.
-
Култура 29.04.2014 16:54
„Бобочка“ понесе „Гран При“ на 16-от интернационален фестивал на монодрамата
Хрватската монодрама „Бобочка“ во изведба на актерката Еција Ојданик, а работена по текст на Мирослав Крлежа и режија на Иван Лео Лемо ја понесе „Гран При-то“ на шеснаесетиот интернационален фестивал на монодрамата.
-
Култура 29.04.2014 13:27
„Златен објектив“ за Глигор Паковски
Филмскиот работник - тон снимател и монтажер Глигор Паковски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2014 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија. -
Култура 29.04.2014 09:31
Промоција на книга за демократија и нација од Димитар Мирчев
Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе биде промовирана книгата „Ферментација на демократијата и нацијата - сите македонски политички пролети од 1943 до 1993“ од проф. д-р Димитар Мирчев на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје. -
Култура 28.04.2014 14:25
„Самсон и Далила“ на репертоарот на МОБ
По повод СВЕТСКИ ДЕН НА ТАНЦОТ-, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. -
Култура 26.04.2014 14:01
По 40 години, ќе се конзервираат фреските во штипската црква „Свети Спас“
По повеќе од 40 години, се конзервираат фреските во еден од симболите на Штип – црквата „Вознесение Христово“ позната како „Свети Спас“.
-
Култура 25.04.2014 21:46
„Придонесот на македонците во татковинската војна“ - документарец на Мирјана Василева
Во Загреб се одржа премиерата на документарниот филм „Придонесот на македонците во татковинската војна“ на новинарката на Македонската радио телевизија Мирjана Василева.
-
Култура 25.04.2014 19:44
Симон Трпчевски - прв музичар од Македонија кој настапи во Конгресната библиотека во Вашингтон
Вака прозвучеа сонатите од Бетовен, Брамс и Шопен во Конгресната библиотека во Вашингтон во изведба на македонскиот најпознат пијанист, Симон Трпчески и неговиот колега Даниел Мулер-Шот.








