Александар Ефтимовски е македонски автор со големо интернационално искуство. Во неговото досегашно ликовно творештво има изработено скулптури во голем формат, поставени во повеќе од 30 европски и светски држави.
-
Култура 21.10.2025 21:06
-
Култура 21.10.2025 10:35
„Трио Академико“ со концерт во Истанбул
Во организација на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул, на 22 октомври (среда) со почеток во 19 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој ќе се одржи концерт на реномираниот македонски ансамбл „Трио Академико“.
-
Култура 20.10.2025 21:07
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II
На 25 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II.
-
Култура 18.10.2025 18:23
Општините да се грижат за средновековните тврдини на своите територии
Општините да се обидат да изнајдат средства за истражувања, реконструкција и заштита на средновековните тврдини а не само државата. Вака смета универзитетскиот професор Виктор Лилчиќ Адамс според кого археолошките локалитет треба да бидат општински фаворит за локалниот туризам.
-
Култура 17.10.2025 16:12
Љутков: Мерко незаконски издал одобрение за градба
Градоначалникот на Струга незаконски издал одобрение на градба, кое веднаш по уривањето на Спомен куќата на Владо Малески, самиот го поништил. Ова го соопшти министерот Љутков, при денешниот увид на терен. Според него.
-
Култура 17.10.2025 13:23
Љутков ја посети оштетената спомен-куќа на Малески
Министерот Љутков во посета на оштетената куќа на Владо Малевски која е прогласена за значајно културно наследство.
Соња Рилковска известува.
-
Култура 17.10.2025 10:30
Изложба „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“ на Васил Василев
Во Даут пашин амам вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на Васил Василев насловена „Континуитет како метафора 1967 – 2012 / 2012 – 2025“.
-
Култура 16.10.2025 19:39
Наградена со Стериина награда, славена во Белград – претставата „Народен пратеник“ на МНТ сега патува за Брчко
Со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар ќе настапи на претстојните 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина.
-
Култура 16.10.2025 13:35
18 години без Тоше Проески
Навршија 18 години од загинувањето на македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Маратонците, како симбол на животната енергија и филозофија на Тоше, стигнаа во Крушево.
Известува Елизабета Митреска.
-
Култура 16.10.2025 12:25
Урната спомен-куќата на Владо Малески
Откако при изведување градежни работи, вчера беше срушена старата струшка куќа, инспекциите го затворија градилиштето. При уривање на соседен објект, инвеститорот направил оштетување на темелот при што се урна источен калкански ѕид и кровот на Спомен куќата на Владо Малески во срцето на Струга.










