Групната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) - „Цртеж, експериментален цртеж“ вечер ќе биде отворена во Културно - информативниот центар во Софија.
-
Култура 19.09.2025 15:00
-
Култура 19.09.2025 13:39
Утре отворање на фестивалот „Браќа Манаки“
Утре почнува 46. Издание на фестивалот „Браќа Манаки“. Организаторите најавуваат уште едно возбудливо и квалитетно филмско фестивалско издание. Веќе се пристигнати многубројни странски гости.
Ружица Ѓоршевска известува од Битола.
-
Култура 19.09.2025 10:49
Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ денеска во Скопје
Во Градскиот парк во Скопје пред „Школка“ вечерва во 19 часот ќе почне Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Манифестацијата ја организира Детскиот културен центар „Карпош“. Дефилето на учесниците ќе тргне во 18.30 часот од Центарот.
-
Култура 18.09.2025 15:59
„Денови на комедија“ по 28-ми пат во Куманово
Вкупно 11 театри од земјава, Србија и Бугарија ќе настапат на 28-то издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Фестивалот на 24-ти, ќе го отвори култната „Госпоѓа министерка“ на велешкиот театар, а традиционално ќе го затвори кумановскиот.
-
Култура 18.09.2025 10:40
МНТ со „Ничија земја“ ќе го отвори фестивалот „Театар без граници“ во Бугарија
Вечерва, Македонскиот народен театар ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија.
-
Култура 17.09.2025 19:10
Одбележани Деновите на европското наследство 2025
Народната банка, во соработка со невладината организација за промоција на македонската култура Добредојде Македонија ‒ центар за добредојде ("Dobredojde" Macedonia Welcome Center), ги одбележа Деновите на европското наследство 2025 во Музејот на Народната банка.
-
Култура 17.09.2025 11:11
„Јон Вардар“ со премиери во Кина, Германија и Романија
Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува со својата меѓународна фестивалска авантура.
-
Култура 16.09.2025 21:01
„Танец“ на балканска турнеја
Националната Установа-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, најавува голема балканска турнеја.
-
Култура 15.09.2025 20:04
Вечер на музика и уметност во КИЦ Истанбул
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул на 17 септември 2025 година (среда) ќе биде домаќин на двоен културен настан, кој ќе ја обедини музиката и ликовната уметност.
-
Култура 15.09.2025 16:28
Универзална сала во свое руво, со модерна техника
Универзалната, од култно значење сала за скопјани ќе остане во своето препознатливо руво, поради колективната меморија, велат од ресорното министерство. Но ќе има модерен ентериер со капацитет од 1.200 седишта, подобрена акустика и најсовремени техничко-технолошки системи.









