Од денес и во наредните денови медицински екипи од скопските клиники во кочанската болница вршат евалуација на состојбата на повредените во пожарот во Кочани. За секој пациент ќе се врши проценка на здравствената состојба и ќе се утврди протокол за натамошен третман.
-
Македонија 20.05.2025 13:49
-
Македонија 20.05.2025 13:43
За пет месеци поднесени 85 кривични пријави
Се шверцувала стока, патни исправи, храна, а најмногу возила во текот на изминатата година, откри Царинската управа. Поднесени се дури 85 кривични пријави.
Борис Грујоски ги има деталите.
-
Македонија 20.05.2025 13:37
Надзорна расправа за аерозагадувањето
Умираме од загаден воздух. -
Македонија 20.05.2025 13:27
Укинати одредбите од Изборниот законик
Нема веќе бариери за независните, Уставен суд ги укина измените на Изборниот законик, независните кандидатски листи ќе може да одат на избори со 1.000 потписи од изборна единица. Гласот на обичниот граѓанин не е заложник на прагови, судска одлука ја враќа еднаквоста во изборниот систем.
-
Македонија 20.05.2025 13:20
Прифатени оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
Собранието ги констатираше оставките на министерот Арбен Таравари и замениците министри Беџети и Исмаили. Кои се новите политички равенки?Миле А. Ристески известува од Собранието. -
Македонија 20.05.2025 12:58
ТППЕ Битола одбележа 189 години постоење
Битолската територијална противпожарна единица е првата и најстара организирана противпожарна служба во Македонија, но и на Балканот.
-
Македонија 20.05.2025 12:48
Одбележување на Денот на пчелите
Тони Димитриевски од Куманово е пчелар повеќе од 15 години. Вели дека климатските промени го загрозуваат опстанокот на овие важни инсекти. Медот се намалува, заработката опаѓа. Килограм домашен мед чини од 600 денари.
-
Македонија 20.05.2025 12:35
Понуди за посредништво на патот кон ЕУ
Никој не се нуди за репреговарање на преговарачката рамка односно протоколите, вели претседателката на Македонија, Сиљановска-Давкова. Дополни дека воопшто не рекла дека преговарачката рамка ја потпишал ексминистерот Бујар Османи. Тоа не е наш акт. Тоа е на советот на ЕУ.
-
Македонија 20.05.2025 11:57
Средба Муцунски - Иванов
Министерот Муцунски оствари средба со поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов.
-
Македонија 20.05.2025 11:22
19-годишно момче од Струмица пронајдено мртво во нива
19-годишно момче од Струмица матурант во едно од средните училишта, вчера бил пронајден мртов во нива позади складот за дрва на шумското стопанство Беласица на влезот од Струмица.










