Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 13.05.2025 08:10
-
Македонија 13.05.2025 08:06
Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов
Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор.
-
Македонија 13.05.2025 08:02
Променливо облачно со повремен локален дожд
Променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 12.05.2025 21:44
Алијансата за Албанците ја напушта Владата
Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.
„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.
-
Македонија 12.05.2025 21:09
Андоновски: Владината суперапликација е нашиот клучен проект кој ќе ги донесе услугите до секој граѓанин
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусијата „Дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината“, во рамки на Самитот 2025 кој е во организација на Македонија 2025.
-
Македонија 12.05.2025 20:02
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с. Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
-
Македонија 12.05.2025 19:19
Средба Муцунски - Стенергард во Шведска
Одлична средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард.
Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа.
-
Македонија 12.05.2025 18:57
Претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го врачи признанието, кое во соработка со Македонија 2025, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во економскиот развој, здравството, социјалната сфера, образованието, науката, културата и во други области. -
Македонија 12.05.2025 17:37
Поголем квалитет за поштенски пратки и информираност
Дали поштарот ѕвони навреме и каде да заѕвониме ние ако пратката не стигне? Граѓаните имаат свој фаворит за доверба.
Граѓаните сè уште не си ги знаат правата за рекламација, сметаат во Агенцијата за пошти иако таму има малку поплаки. Регулаторот стои на располагање и објаснување.
-
Македонија 12.05.2025 17:18
Протест на Независниот синдикат на полицијата
Основната плата на полициските службеници не смее да биде под законскиот минималец. Независниот синдикат на протест побара скопските судови да ја следат праксата на колегите од Гостивар и Битола и да го применат Законот за минимална плата.










