Десет години од случувањата во Диво Насеље, кога загинаа осум припадници на полицијата. На загинатите херои им се одаде почит со панихида и положување свежо цвеќе. Бранителите на став неопходна е изградба на спомен обележје.
-
Македонија 09.05.2025 13:20
-
Македонија 09.05.2025 13:18
Уапсен убиецот кој застрела човек во кафуле во Штип
Штипјани вознемирени по вчерашниот вооружен инцидент во кафуле на градскиот плоштад. Жртвата имала 25 години. И убиениот и напаѓачот се странски државјани. По бегството, убиецот е уапсен, пронајдено е и оружјето.Славица Величковска известува од Штип. -
Македонија 09.05.2025 13:11
Јованов призна вина за прегазувањето на Кулакова
Во Кривичниот суд почна судењето на Васил Јованов, кој на крајот на јануари, возејќи пијан и без возачка дозвола, на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова, која почина на самото место. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
-
Македонија 09.05.2025 11:58
Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот
Се потсетуваме на придонесот на Македонија во антифашистичката борба со оддавање почит на загинатите борци. На спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел, оддадена почит на оние кои се вградија во нашата слобода.
-
Македонија 09.05.2025 11:41
Јаневска: Со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, ја стимулираме еколошката одговорност кај младите
Образовниот систем ги насочува младите да се грижат за средината во која живеат. Наставните програми во сите одделенија содржат елементи кои ја подигнуваат свеста за ризиците од загадувањето и поттикнуваат превентивно делување.
-
Македонија 09.05.2025 10:58
Предложени мерки за претпазливост за насилство и загрозување на сигурноста кон сопругата
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.
-
Македонија 09.05.2025 10:44
Лишен од слобода велешанец, возел под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди
На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(50) од Велес, информираат од МВР.
-
Македонија 09.05.2025 10:18
Васил Јованов седнува на обвинителна клупа
Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, влегува во судница. Обвинет е за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Анита Димитријевска – Велковска е пред Кривичниот суд.
-
Македонија 09.05.2025 09:40
Уапсен е убиецот кој застрела 25-годишник во кафуле во Штип
Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О., странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, потврдуваат од МВР.
-
Македонија 09.05.2025 09:07
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










