Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 07.05.2025 11:36
-
Македонија 07.05.2025 11:30
Истрага за две грабнувања во Тетово, едната жртва било дете
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители грабнале две лица, од кои едно дете.
-
Македонија 07.05.2025 11:15
Сиљановска-Давкова: Хрватска е искрен македонски пријател и поддржувач на патот кон ЕУ
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести денеска го пречека својот хрватски колега Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
-
Македонија 07.05.2025 10:31
Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
Вчера во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с. Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово, информираат од МВР.
-
Македонија 07.05.2025 09:38
Билатерални средби на Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција
На маргините на Форумот на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), на кој од денес започнува Претседателството на Северна Македонија со Стратегијата и Јадранско-јонската иницијатива, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари билатерални средби со министерот за кохез
-
Македонија 07.05.2025 09:16
Трајков ќе учествува на 28-миот Евроазиски економски самит во Истанбул
Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит, кој ќе се одржи од 7-8 мај во Истанбул, Турција.
-
Македонија 07.05.2025 09:11
Ден на македонската полиција
7 Мај, Денот на македонската полиција, ќе се одбележи во центарот за обука на МВР во Идризово. На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев.
-
Македонија 07.05.2025 08:35
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
-
Македонија 07.05.2025 08:23
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 07.05.2025 08:10
Облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.










