Првомајскиот празник го наполни Охрид, освен домашни гости, тука се и традиционалните туристи од Србија, Турција и Бугарија кои ги исполнија шеталиштето, чаршијата, угостителските објекти.
Известува Соња Рилковска.
Првомајскиот празник го наполни Охрид, освен домашни гости, тука се и традиционалните туристи од Србија, Турција и Бугарија кои ги исполнија шеталиштето, чаршијата, угостителските објекти.
Известува Соња Рилковска.
Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.
Течат подготовките за полагање на државната матура. Од Државниот испитен центар информираат, испитот годинава ќе се реализира во училиштата, фискултурните сали или холовите, таму каде што дозволуваат просторните услови, а за другите 1.400 средношколци тестирањето ќе биде на факултетите.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало седум пожари на отворено во последното деноноќие.
Пад на Македонија за шест места во индексот на слобода на медиумите, покажува извештајот на „Репортери без граници“. Годинава земјава се најде на 42 место, за разлика од минатиот извештај каде што беше на 36-то место.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Јапонија.
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе ја посетат Општина Кавадарци во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“ и ќе извршат увид во градежни активности на повеќе проекти.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.
Денеска во 00.10 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, при контрола на патничко возило „голф“, управувано од Ф.К.(20) од с. Звегор, делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Ф.К., поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени семки од канабис. Сопатникот К.В.