Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та.
-
Македонија 28.04.2025 10:23
-
Македонија 28.04.2025 08:34
24 години од масакрот во Вејце
24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце. Се случи на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата, помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Брезовица.
-
Македонија 28.04.2025 08:22
Сообраќајот тековно, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
-
Македонија 28.04.2025 08:17
Седница за Комисијата за прашања на избори и именувања
Во законодавниот дом денеска ќе се одржат 22 и 27 седница на Комисијата за прашања на избори и именувања.
-
Македонија 28.04.2025 08:14
Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
-
Македонија 28.04.2025 08:07
Тркалезна маса на тема “Дали ни е потребен закон за Уставен суд?“
Уставниот суд со поддршка на делегацијата на ЕУ, преку механизмот ИПА 3, денеска организира тркалезна маса на тема „Дали ни е потребен закон за Уставен суд“, со што ја отвора оваа тема која децении наназад се појавува во јавниот дискурс, без конкретни заклучоци.
-
Македонија 28.04.2025 07:57
Во Кривичен ново рочиште за убиството на Вања и Панче
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. На минатото судење сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Денеска треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на другите обвинети.
-
Македонија 27.04.2025 19:21
Таравари ги посети повредените во Истанбул
Уште Мартин и Борис останаа на лекување во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Тие се во стабилна состојба и закрепнуваат по повредите со кои се здобиле во пожарот во кочанската дискотека. Во истата болница биле хоспитализирани уште четворица млади кои излекувани се вратени во Македонија.
-
Македонија 27.04.2025 18:16
Извршен увид по сообраќајна несреќа со смртни последици во Чаир
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ каде рано утрово во тешка сообраќајна несреќа загина 16-годишен возач на мотоцикл.
-
Македонија 27.04.2025 17:34
Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово, управувале возила под дејство на алкохол
Вчера, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.










