Четири пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од странство. Во медицински центри надвор од земјава остануваат уште 60 од повредените. Каква е состојбата?
Андријана Ѓурческа известува.
Четири пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од странство. Во медицински центри надвор од земјава остануваат уште 60 од повредените. Каква е состојбата?
Андријана Ѓурческа известува.
За приведениот директор на Геријатрија, Мухсин Арифи, Обвинителството бара притвор. Барал мито од неколку илјади вера. Веќе има наредба за спроведување на истражна постапка против две лица во овој случај.
Повеќе детали за овој случај од Марина Стојанова - Тонева.
Финансиската полиција спроведува акција во кумановската фирма „Пин Петрол“. Од таму за МТВ потврдија дека претресот се спроведува под сомнение за проневера на пари, а биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.
Со сослушување сведоци, вработени до општина Струга, а обезбедени со полициска асистенција, продолжи судскиот процес против градоначалникот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 66 илјади евра и уште три други возила.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а друг
Обвинителството смета дека има основ да поднесе жалба до повисокиот суд по изречената ниска казна за Менсур Пајазити кој доби две годишна казна затвор за усмртувањето на 22 годишната Теодора Ристевска од Тетово.
Поради уличен дефект, без вода за пиење во текот на денов ќе останат неколку улици на скопска територија, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на отворањето на третото издание на ЕСГ Адриа Самит 2025, кое се одржува вo Тиват, Црна Гора.
На 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско.