Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид, по хаваријата во рудникот Тораница. Се стравува за здравјето на граѓаните, но и за земјоделските посади во североистокот. Правниот субјект доби казна од 200.000 евра.
Известува Елена Георгиевска.
Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид, по хаваријата во рудникот Тораница. Се стравува за здравјето на граѓаните, но и за земјоделските посади во североистокот. Правниот субјект доби казна од 200.000 евра.
Известува Елена Георгиевска.
Продолжуваат инспекциските контроли во угостителските објекти и објектите за организирање на собири. Дел од оние што ги немале потребните документи, дека ги исполнуваат техничките стандарди, се затворени или одземена им е лиценцата.
Министерот за здравство Арбен Таравари со најнови информации за повредените пациенти од трагичниот настан во Кочани, кои се хоспитализирани во земјава и во странство.
Штипска Апелација одлучува по жалбите на Обвинителството за одлуката на судот, двајцата поранешни градоначалници од Кочани да заминат од ефективен во домашен притвор. Истрагата продолжува.
Анита Димитријевска-Велковска известува.
Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа главните аспекти од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот Ј.П.(59) од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на одвоени средби ги прими вонредната и ополномоштена амбасадорка на Канада, со седиште во Белград, Мишел Камерон, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.
Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.
Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Пожар, 42 литра на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Охрид, 12.