Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.
-
Македонија 07.02.2025 08:40
-
Македонија 07.02.2025 08:37
Муртезани во работна посета на Атина
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани престојува во работна посета на Атина, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот.
-
Македонија 07.02.2025 08:20
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на доделување на клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Велес (Блок 40-Локалитет 1ГП 2.1).
-
Македонија 07.02.2025 08:17
Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 3 степени, а максимумот од 3 до 10 степени.
-
Македонија 07.02.2025 08:11
Во Собранието јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот
Во законодавниот дом денеска ќе има јавна расправа за законски измени за безбедноста во сообраќајот. Доаѓа по иницијатива на владејачкото мнозинство.
-
Македонија 07.02.2025 08:09
Ново рочиште за двојното убиство, треба да биде сослушан сведокот Гоце Трајковски
Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Се очекува да бидат изведени нови докази, а треба да биде сослушан и сведокот Гоце Трајковски, кој до неодамна беше во бегство.
-
Македонија 06.02.2025 20:39
Сиљановска-Давкова на средба со раководниот тим на Државниот завод за ревизија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија, предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.
-
Македонија 06.02.2025 20:28
Герасимовски: Обезбедуваме брза реакција и грижа за повозрасните центарци со проектот „Итно копче“
Градоначалникот на Општина Центар со претставници на Црвениот Крст на Град Скопје, потпиша договор за реализација на проектот „Итно копче“.
-
Македонија 06.02.2025 19:34
Средба Лимани – Светска Банка: Резултатите од заедничката работа се видливи
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работна средба со претставници на Светска Банка, на која се разговараше за активностите поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира со поддршка на Светска Банка.
-
Македонија 06.02.2025 19:15
Приведени двајца лихвари во Радовиш, следува соодветна пријава
Вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон, соопштија од МВР.










