Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 32 степена.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 32 степена.
Полицијата приведе две лица од скопското село Брњарци по претреси во нивните домови, при што кај едниот биле пронајдени марихуана и опрема за мерење, а кај другиот пиштол, куршуми и материјали за изработка и полнење ловечки патрони.
ДУИ и ВРЕДИ со остри реакции за пресудите и затворските казни за косовските лидери на ОВК. „Неправедна и длабоко разочарувачка“ - вака лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ја оцени одлуката на Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг.
Кривичниот и Апелацискиот суд јасно не ги утврдиле карактеристиките на општинската барака за да може да се изведе заклучок дека било потребно одобрение за градба.
Јавното обвинителството сè уште анализира дали евентуално ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за 35 години независност. Ако се утврдат основи за тоа, ќе постапи, појаснува државниот обвинител Савески.
Потребни се радикални промени за зголемување на довербата во судството. Од Уставниот суд на земјава велат дека засилено работат на поголема транспарентност и отвореност.
Државната изборна комисија само следи што се случува околу Изборниот законик и неговото евентуално носење во Собранието.
Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.