Крупните полициски акции, задоцнетата реакција на судските институции, отворањето на предмети во јавното обвинителство ја покажа нивната дисфункционалност.
-
Македонија 29.12.2024 17:22
-
Македонија 29.12.2024 16:30
Со злоупотреба на „Оземпик“ за да ослабнат, завршиле во болница
Сами се боцкале со „Оземпик“ за да ослабнат, па завршиле во болница. За среќа биле спасени, но акутно воспаление на панкреас може да заврши и со смрт. Докторката Недеска-Минова апелира граѓаните коишто имаат проблем со тежината да земаат терапија само по препорака на лекар.
-
Македонија 29.12.2024 16:18
Двајца службеници се меѓу десетмината осомничени за криумчарење возила
Двајца службеници во управните служби за регистрација на возила и еден грчки државјанин се меѓу десетмината против кои е поведена постапка за криумчарење возила, фалсификување службени исправи, царински измами.
-
Македонија 29.12.2024 14:51
Почина Јагнула Куновска
Јагнула Куновска, позната македонска политичарка, писателка и адвокатка, почина денеска на 81-годишна возраст.
-
Македонија 29.12.2024 13:35
Коцевски: Кртот не е во обвинителството
Кртот кој им помага на осомничени да бегаат не е во Обвинителството – тврди републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Во интервју за Радио Слободна Европа, Коцевски вели оти не знае каде е поранешниот вицепремиер Артан Груби, но, оти е во тек истрага.
-
Македонија 29.12.2024 12:00
За новогодишните празници безбедноста во сообраќајот во фокусот на охридската полицијата
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, полициските службеници од Охрид се постојано на терен.
-
Македонија 29.12.2024 10:13
Претреси утрово во Скопје за дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство
Основното јавно обвинителство информира дека под раководство на јавен обвинител од ОЈО Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
-
Македонија 29.12.2024 08:45
Студено со услови за магла по одделни котлини
Времето утрово ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
-
Македонија 28.12.2024 20:13
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими министерот за правда, Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.
Двајцата соговорници разговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
-
Македонија 28.12.2024 20:00
ОЈО: Дрвокрадци во велешко се заканиле и нападнале шумски полицајци
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.










