Македонија падна за три места на глобалниот Индекс за слобода на медиумите што денеска го објави меѓународната организација „Репортери без граници“.
-
Македонија 30.04.2026 12:45
-
Македонија 30.04.2026 09:33
Седница на Комисијата за финансирање и буџет
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
На дневниот ред на седницата е разгледување на Предлог-законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Кварталниот извештај на Народната банка за февруари 2026 година.
-
Македонија 30.04.2026 09:13
Рочиште за екс претседателката на Антикорупциска
Ново рочиште за предметот „Адитив“. Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации.
-
Македонија 30.04.2026 09:08
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 30.04.2026 08:31
Завршни зборови за тројцата полицајци за „Пулс“
Во Кривичниот суд Скопје закажано рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни.
-
Македонија 30.04.2026 08:18
Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб.
-
Македонија 30.04.2026 08:12
Облачно со врнежи од дожд
Облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
-
Македонија 29.04.2026 20:22
Изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка се реализира со силна динамика
Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридор 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук-профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата.
-
Македонија 29.04.2026 19:41
Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Н.Е. Џианг Сјаојан.
-
Македонија 29.04.2026 19:25
Светскиот ден на слободата на медиумите по четврти пат одбележан со крводарителска акција
Со порака дека солидарноста е основа на новинарството како професија која се базира на заштита на јавниот интерес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и во соработка со Црвениот крст го одбележа 3 мај, Светскиот ден н









