Кривичната пријава против екс-премиерот Димитар Ковачевски и уште еден поранешен генерален секретар во Владата не е отфрлена, потврдуваат од Обвинителството. Откако вчера МВР поднесе кривична за осуммина, од Обвинителството велат – има докази само за шестмина против кои се води истрага.
-
Македонија 17.12.2024 15:16
-
Македонија 17.12.2024 14:56
Потпишан Меморандум за соработка против злоупотреба на урбаното зеленило
Во Скопје никнуваат повеќе згради од дрвја. А и она малку зеленило полека го јаде градежната мафија. Активисти и граѓански здруженија потпишаа Меморандум за соработка, против злоупотреба на урбаното зеленило.
-
Македонија 17.12.2024 14:34
Нов влажен бран од петок
Продолжува периодот на сончево и претежно тивко време со студени утра и со повисока максимална температура којашто ќе достигне највисока вредност до 16 степени.
Топлиот воздух ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По одделни котлини ќе има и појава на магла.
-
Македонија 17.12.2024 14:17
Обвинение за убиството кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на кое му се става на товар дека ги сторил кривичните дела – Убиство по член 123 став 2 точка 4, Убиство по член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид), како и кривично дело – Неовластено из
-
Македонија 17.12.2024 13:25
Вонреден инспекциски надзор за починатото бебе
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор за бебето починато на Детска клиника во Скопје. Од Министерството преку соопштение до јавноста појаснуваат дека се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта.
-
Македонија 17.12.2024 13:17
Перспективи и решенија на локално ниво
Заштита од корупција, перспективи и решенија на локално ниво. На оваа тема Центарот за граѓански комуникации одржа конференција во Скопје.
Ирина Гелевска ја следеше конференцијата.
-
Македонија 17.12.2024 13:13
Кривичен одлучува за притворот на Груби и Бајрами
Судот со делумна одлука на барањето на Обвинителството за определување мерки на притвор за случајот со „Државна лотарија“. Засега се одредени само за дел од нив. За другите постапката трае.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 17.12.2024 12:50
Акција за засадување на дрвца кај новиот мега парк во Карпош
Ќе се засадуваат дрвца кај новиот мега парк во општина Карпош. Настанот е дел од акцијата за урбано зазеленување во Скопје, со донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
-
Македонија 17.12.2024 12:39
Протест на родителите на ученици од „Љубен Лапе“, бараат решение за крстосницата што ја загрозува безбедноста
Со транспаренти во рацете, родители на ученици од основното училиште „Љубен Лапе“ и жители на општина Аеродром одржаа мирен протест со барање да се реши проблемот со небезбедната крстосница на улиците „Васко Каранѓелески“ и „Коста Новаковиќ“, која од самото пуштање е црна точка на која се случиле
-
Македонија 17.12.2024 12:02
Земјотрес почувствуван во Скопје
Земјотрес со интензитет од 3,1 степени претпладнево во 11.40 часот е почувствуван во Скопје и околината.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е на тромеѓето помеѓу Македонија, Србија и Косово.










