Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на јавното претпријатие „Македонија пат“.
-
Македонија 02.12.2024 12:13
-
Македонија 02.12.2024 11:45
Едно од запалените возила во Куманово е на јавен обвинител
Извршен е увид од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинитество од Куманово на локациите каде синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија.
-
Македонија 02.12.2024 11:34
Претседателката на Судскиот совет поднесе неотповиклива оставка
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
-
Македонија 02.12.2024 11:01
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
Три возила синоќа биле опожарени во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово.
-
Македонија 02.12.2024 10:27
Приведен криумчар на мигранти
На 01.12.2024 во 16.20 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево, информираат од МВР.
-
Македонија 02.12.2024 09:56
Инспекција во училиштето во Челопек откако деца во воени униформи на УЧК и пушки во рацете имале училишна приредба
Инспекција влегува во основното училиште „7 Март“ во тетовското село Челопек, откако се појавија фотографии на кои се прикажани деца облечени во униформи на УЧК и со пушки во рацете, на приредбата во училиштето за Денот на албанското знаме.
-
Македонија 02.12.2024 09:36
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.
-
Македонија 02.12.2024 09:33
Лишени од слобода крадци во Скопје
На 02.12.2024 околу 03 часот во Скопје, на територија на Карпош, од страна на полициски службеници од ПС Карпош биле лишени од слобода М.Т. (31) од Скопје и Б.Н. (27) од Скопје поради сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“.
-
Македонија 02.12.2024 09:23
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка – 3 степени
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка – 3 степени, Маврови Анови – 2, Крушево – 1, Берово 0, Претор и Дебар 1, Охрид и Крива Паланка 2, Куманово, Тетово, Битола и Прилеп 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје- Петровец, Штип и Виница 4, Струмица, Велес и Демир Капија 5 степени
-
Македонија 02.12.2024 09:14
Почина поранешниот началник на Генералштабот на Армијата, Бојаџиев
По тешко и кратко боледување вчера на 74-годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица.








