Денеска во Собранието седница ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, за локална самоуправа и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 20.11.2024 08:26
-
Македонија 20.11.2024 08:17
Меџити ќе се обрати на Меѓународната конференција на народни правобранители и национални човекови права
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање на Меѓународната конференција на народни правобранители и национални човекови права и Институциите за животна средина.
-
Македонија 20.11.2024 08:11
Денеска ќе продолжи судењето за двојното убиство
Во Основниот кривичен суд Скопје ќе продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Денеска треба да бидат сослушани нови сведоци на предлог на обвинителството.
-
Македонија 20.11.2024 07:58
Променливо облачно, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат од снег на највисоките планини.
-
Македонија 19.11.2024 21:05
Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.З. (32) од Скопје поради сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена, соопштија од МВР.
-
Македонија 19.11.2024 20:54
Солидарниот данок утре на седница на Уставен суд
На утрешната седница на Уставниот суд, ќе се најде и Законот за данок за солидарност, за кој до судот беа поднесени неколку иницијативи за оцена на неговата уставност, во целина или одделни делови.
-
Македонија 19.11.2024 20:34
Без вода утре делови од општина Карпош
Корисниците на дел од ул. „Варшавска“ во населба Тафталиџе утре од 10 часот ќе немаат вода поради дефект на приклучна цевка на таа улица бр. 62б.
-
Македонија 19.11.2024 20:03
Муцунски и Борел го потпишаа Договорот за безбедносно и одбранбено партнерство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.
-
Македонија 19.11.2024 19:37
Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава
„Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.
-
Македонија 19.11.2024 19:16
Средба на министерот Тошковски со австрискиот амбасасор, Мартин Памер
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер.










