Се запали Безистенот во струшката чаршија. Претпладнево огнот избувна во едно од кафулињата на последниот кат во објектот. Огнените јазици се проширија кон покривот, а чадот и кон соседните дуќани.
-
Македонија 06.11.2024 13:09
-
Македонија 06.11.2024 12:53
Сè уште се проверува случајот со починатото бебе од Струмица
Сè уште непознато дали и каде е направен евентуален пропуст при третманот на бебето од Струмица кое пред неколку дена почина од сепса на Детската клиника.
-
Македонија 06.11.2024 12:48
Невладините бараат повеќе пари за ХИВ-програмата
Бројот на ХИВ-инфицирани се зголемува, буџетот за лекови и превенција се намалува. За идната година предвидени се 90 милиони денари, 10 милиони помалку од годинава – велат од Здружението „Заедно посилни“ .
-
Македонија 06.11.2024 12:46
Ефикасен правосуден систем, клучен фактор за владеење на правото
Извршната власт не може сама да постигне реформи во правосудството. Клучната улога ја има секој јавен обвинител, нивниот дигнитет и професионалност, рече министерот за правда Филков на Националната конвенција на Европската унија во земјава.
-
Македонија 06.11.2024 12:22
До сабота сончево време, од недела постудено и повремен дожд
До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност.
По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, соопшти УХМР.
-
Македонија 06.11.2024 12:09
Билатералниот спор со Бугарија, во моментов е најголемата пречка на патот кон ЕУ семејството
Предусловите одамна ги имаме исполнето, но патот кон ЕУ во моментов го попречуваат само билатералните прашања со Бугарија.
-
Македонија 06.11.2024 10:58
Сиљановска Давкова со честитка до Трамп: Уверена сум дека нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено
Уверена сум дека во периодот што следи, нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели-претседателката Гордана Сиљановска Давкова го честиташе изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држа
-
Македонија 06.11.2024 10:49
Кривична пријава против вработен во МВР за „злоупотреба на службената положба и овластувања"
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено
-
Македонија 06.11.2024 10:42
Гори Безистенот во центарот на Струга
Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро.
На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.
Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар, а причините не се познати.
-
Македонија 06.11.2024 10:23
ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворено, два сè уште активни
Од Центарот за управување со кризи информираат дека имало вкупно 1.619 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 58,99%, а 41,01% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.








