Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре ќе учествува на серија состаноци на министрите за одбрана во рамките на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.
-
Македонија 17.10.2024 08:20
-
Македонија 17.10.2024 08:19
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии
Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
-
Македонија 17.10.2024 08:06
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 17.10.2024 07:59
Променливо облачно со сончеви периоди
Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 16.10.2024 21:11
Судскиот совет го разреши судијата Лазар Нанев
Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет.
-
Македонија 16.10.2024 20:42
Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес
Тројца загинати и пет лица се повредени и пренесени во болница во сообраќајката што се случи попладнево, кога комбе се преврте на автопатот Скопје – Велес.
-
Македонија 16.10.2024 20:21
Во акцијата „Премин“ уапсени 16 цариници и еден полицаец
Акцијата на полицијата и Обвинителството- „Премин“, спроведена во струмичко-гевгелискиот регион резултираше со истражна постапка против 16 лица. 14 цариници, еден нивни колега во пензија, но и еден полициски службеник. При претресите откриени биле 50.000 евра кои биле дадени за поткуп.
-
Македонија 16.10.2024 20:07
Сеќавање на Тоше Проески
Седумнаесет години без Тоше Проески. Бројни фанови од повеќе земји денеска на Гумење во Крушево, на вечното почивалиште на Тоше му оддадоа почит. Не бледнеат ниту сеќавањата ниту почитта кон него. Неговите сограѓани даруваа 500 рози.
-
Македонија 16.10.2024 19:46
Светски ден на храната
Во земјава потребно е да се донесе закон за донирање вишок храна. Околу 15.000 семејства, односно околу 40 до 50 илјади луѓе имаат потреба од храна. Во изминативе години поднесени се два предлог-закона, вели Душко Христов од банката за храна.
-
Македонија 16.10.2024 19:26
Семејството на починатата родилката од Куманово со паралелна истрага
Семејството на 31-годишната родилка од Куманово која почина во општата болница, поведе паралелна истрага за случајот.










