Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври – Меѓународен ден на учителите, денеска ќе го додели признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2023/24, од сите нивоа на образование.
-
Македонија 04.10.2024 08:21
-
Македонија 04.10.2024 08:19
Меџити во посета на Арачиново
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ќе го посети Арачиново, каде што ќе врши увид на регулацијата на дел од ободниот канал.
-
Македонија 04.10.2024 08:18
Меѓународна конференција „Од логаритмар до вештачка интелигенција“ по повод 75 години од основањето на Градежниот факултет
Градежниот факултет како составен дел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава слави 75 години од основањето.
-
Македонија 04.10.2024 08:14
Работилница за наставници од основните училишта „Собранието и граѓанското образование“
Во Собранието денеска ќе се одржи работилница за наставници од основните училишта насловена „Собранието и граѓанското образование“.
Работилницата ќе ја отворат Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт и Бобан Стојаноски, заменик-генерален секретар на Собранието.
-
Македонија 04.10.2024 08:14
Предизвиците во надминување на затворската пренатрупаност – дискусија во Скопје
Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво деенска организираат настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“.
-
Македонија 04.10.2024 08:11
Амбасадорката Ларсон на средба со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Шведска
Во Собранието денеска шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин ќе има средба со Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска.
Пратениците на Левица Реџеп Исмаил и Димитар Апасиев, пак, ќе остварат средба со рускиот амбасадор Сергеј Бездникин.
-
Македонија 04.10.2024 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 04.10.2024 08:07
Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на Криволак
Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на Соединетите Држави во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на денешната методско-показна вежба на армискиот полиг
-
Македонија 04.10.2024 08:02
Субвенции за набавка на приплоден добиток
Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на педигрирани свињи од увоз или од признати организации.
Набавката треба да е направена од први октомври 23 до 30 септември 2024 година, а последниот рок за поднесување на барањата е до 31 октомври.
-
Македонија 04.10.2024 07:53
Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито.










