Во Њујорк, почнува 79. Генералното собрание на ООН. Македонската делегација ја предводи претседателката Сиљановска Давкова.
-
Македонија 24.09.2024 09:55
-
Македонија 24.09.2024 08:54
Регионалната работилница на СЗО и УНФПА
Регионалната работилница насловена „Ориентација и градење капацитети за зајакнување на интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови за универзална здравствена покриеност и процесите во Западен Балкан“, ќе биде денеска отворена во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, с
-
Македонија 24.09.2024 08:32
СОНК најави протест доколку не се покачат платите во образованието
СОНК бара повисоки плати веднаш, ако тоа не се случи, најавија дека ќе протестираат. Советот констатира дека доколку до крајот на месецов не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите во основно и средно образование ќе ги активираат како што велат најрадикалните синдикални мерки.
-
Македонија 24.09.2024 08:30
Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во Општина Ѓорче Петров
Оваа современа сала е дел од заложбите за подобрување на условите за образование и физичка активност на нашите најмлади и претставува важен чекор кон создавање подобри услови за развој на спортските таленти на учениците, се вели во соопштението од Влада.
-
Македонија 24.09.2024 08:28
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 24.09.2024 08:21
Трипуновски на 18. Годишен работен состанок на министри за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа
Денеска ќе се одржи 18-ти Годишен работен состанок на министри за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа. Домаќин на овој настан е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
-
Македонија 24.09.2024 08:14
Муртезани ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ
На покана на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел ќе учествува на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).
-
Македонија 24.09.2024 08:11
Дурмиши ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
-
Македонија 24.09.2024 08:07
Од климатските промени најмногу ќе страда житото
Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е советот на експертите за справување со последиците од климатските промени кај нас.
-
Македонија 24.09.2024 08:02
Променливо облачно и релативно топло
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.










