Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за очни болести.
По посетата ќе следат изјави за медиумите, најавија од Министерството.
Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за очни болести.
По посетата ќе следат изјави за медиумите, најавија од Министерството.
Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти влегува во Македонска навигација. Ќе истражува за безбедносниот настан на седми месецов над Скопје, кога бил избегнат судир меѓу два цивилни авиона.
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура и туризам на која на дневен ред е предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.
9-те лекови на проширената листа, за висок крвен притисок, срцеви заболувања, антиагрегати, за третман на депресија и деменција, од денеска пациентите ќе можат бесплатно да ги земаат во аптеките.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) денеска ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Жељаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.
Денеска во посета на Собранието ќе биде делегација од германскиот Бундестаг.
Членовите на Бундестагот ќе имаат одвоени работни средби со комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика за социјална политика, демографија и млади.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Дождот, кој со различен интензитет врне деновиве, предизвикува помали одрони на патиштата во дебарскиот регион, поради што се препорачува внимателно возење.
Скопје и Сараево повторно ќе останат без директна авионска врска. Специјализираната веб-страница за авијација „Екс Ју авијација“ објави дека грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летовите, само една година по воведувањето на линијата.