Ова е прв напад на синагога во Македонија од 1945-та година. Нема да дозволиме надворешните судири да се прелијат во нашата државава во која имаме мир и соживот помеѓу сите верски заедници.
-
Македонија 15.04.2026 13:57
-
Македонија 15.04.2026 13:28
Лица што работеле во странство на протест
Студенти што работеле во странство излегоа на протест. Незадоволни се од оданочувањето на заработката. Во Управата за јавни приходи се одржа брифинг за оданочување на доход од странство.Известува Александра Велинова. -
Македонија 15.04.2026 13:17
Продолжува судењето за трагичниот случај во Тафталиџе
Ново рочиште против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја кои починаа по пад од балкон, со изведување на преостанатите материјални докази, медицинска документација, извештаи и видеозаписи.
Анита Димитријевска Велковска известува од Кривичниот суд.
-
Македонија 15.04.2026 12:41
100 нови возила за Македонска пошта за побрзи и поефикасни услуги
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека набавката на 100 нови возила за Македонска пошта претставува значаен чекор кон модернизација на институцијата и подобрување на услугите.
-
Македонија 15.04.2026 12:17
Грејната сезона завршува, следува преоден период до крајот на април
Грејната сезона официјално завршува на 15 април 2026 година, информира Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ), по што започнува т.н. преоден период кој ќе трае до 30 април.
-
Македонија 15.04.2026 11:53
Исклучен Блок 3 во РЕК Битола поради дефект, во тек активирање на Блок 1
Поради технички дефект – скината цевка во дел од котелот, Блок 3 на РЕК Битола е исклучен од електроенергетскиот систем. Од АД ЕСМ информираат дека дефектот настанал вчера околу 18 часот, по што веднаш започнале активности за ставање во функција на Блок 1.
-
Македонија 15.04.2026 10:58
Македонска собраниска делегација ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
Делегација од македонското Собрание, предводена од собранискиот претседател Африм Гаши, ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, што ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, Република Турција.
-
Македонија 15.04.2026 09:52
Судскиот совет ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда на ЕСЧП
Судскиот совет на денешната седница ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда донесена од Европскиот суд за човекови права.
-
Македонија 15.04.2026 09:31
Сиљановска-Давкова постхумно ќе го одликува Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска постхумно ќе го одликува Анастас Коцарев постхумно со Орден „Илинден – 1903 година“.
-
Македонија 15.04.2026 09:04
Промоција на нов возен парк на Македонска пошта во Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши, денеска ќе присуствуваат на промоција на новиот возен парк за потребите на АД Македонска пошта.










