Грчкиот дипломат Михалис Рокас е новиот евроамбасадор, објави делегацијата на ЕУ во Скопје. Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.
Пред да биде назначен во земјава, Рокас беше шеф на делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.










