Автобуските постојки полни, граѓаните се жалат дека долго чекаат автобус. Од Град Скопје велат дека јавниот градски превоз функционира нормално. Приватниците денеска на средба со раководството на ЈСП.
Известува Борис Грујоски
Автобуските постојки полни, граѓаните се жалат дека долго чекаат автобус. Од Град Скопје велат дека јавниот градски превоз функционира нормално. Приватниците денеска на средба со раководството на ЈСП.
Известува Борис Грујоски
И средношколците ја почнаа учебната година. Во Прилеп од петте средни училишта најголем интерес за електро-машинските струки. Има и дуални паралелки, зошто е најголем интересот за овие струки.
Елизабета Митреска известува од Прилеп.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Марибор, Словенија оствари работна средба со својата словенечка колешка, министерката за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух.
Со затворено основно училиште и намален број првачиња стартува учебната година во Куманово. Поради недостаток на дечиња надлежните одлучија да запре со работа подрачното училиште „Кочо Рацин“ во село Габреш. За прв пат во Куманово се запишани и под 1.000 првоодделенци, односно 970.
По 15-годишна работа како професорка по македонски јазик во основно и средно училиште, Розита Закева, поради мобинг на работното место, како една од причините, му се приклучила на нејзинот семјство во Малта.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера, ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција со зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје, а го посети и мониторинг системот „Безбеден град“, во рамки на оперативната акција з
Мобилен тим при контрола на товарно моторно возило на граничен премин Табановце откри и спречи криумчарење на вкупно 17 пара патики копачки од брендовите „Најк“ и „Адидас“, скриени во кабината во пределот на совозачкото седиште, соопштија од Царинската управа.
Судењето за даночно затајување во кое е обвинет и функционерот на ДУИ, Исмет Гури се одложи за 4 - ти октомври, откако на денешното рочиште не се појави еден од обвинетите.
Судот го одби приговорот на одбраната за застареност на кривичното гонење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во однос на набавката на луксузниот автомобил Ауди А6. Обвинителот на денешното рочиште поднесе докази дека настанал прекин во застарувањето на делото во 2021-ва година.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре ќе престојува во Република Словенија каде ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум на тема што ќе се одржи во Блед и ќе оствари повеќе билатерални средби.