Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски е во посета на Загреб, на средба со колегата Радман. Во Хрватска утре ќе допатува и премиерот Мицкоски. Што е во агендата на средбите, во Дневникот известува Викторија Милевска.
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски е во посета на Загреб, на средба со колегата Радман. Во Хрватска утре ќе допатува и премиерот Мицкоски. Што е во агендата на средбите, во Дневникот известува Викторија Милевска.
Православните христијани го слават Успението на Пресвета Богородица, празник во народот познат и како Голема Богородица. Поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан чиноначалствуваше со богослужбата во манастирот во Матка.
Известува Александра Велинова
„Веб-страницата наиде на неочекувана грешка. Обидете се повторно подоцна“, ова е пораката која ќе ја добиете ако се обидете да пристапите кон владината интер страница.
Со јавност ќе се борам против криминалот и корупцијата, тоа е мојата одлука и затоа ја дадов изјавата за обидот за поткуп во врска со Коридорот 8, со дециден одговор премиерот Мицкоски на новинарското прашање дека во Обвинителството нема поднесено пријава за таков случај.
Во едно средно и во пет основни училишта во Охрид започнува едносменска настава, во земјава 124 школи се подготвени за воведување на истата. Во меѓувреме се прават анализи со доградба на училници да може да се воведе во уште 50-тина училишта.
Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува – предупреди Центарот за управување со кризи. Само вчера се регистрирани 37.
На средбата беше изразено заедничко задоволство од постигнатото ниво на соработка помеѓу двата уставни суда, што претставува значаен сегмент во севкупната билатерална соработка на двете земји.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во прва работна посета на Австрија. Министерот Муртезани ќе оствари средба со својот хомолог, сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер.
Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.