Пожарникарите од помалата општина во североистокот, Старо Нагоричане периодов со полни раце работа. По големиот пожар во Малтино, кој зафати значајна површина, тие интервенираат речиси секојдневно на различни локации.
-
Македонија 11.08.2024 11:58
-
Македонија 11.08.2024 11:20
Во моментов активни неколку пожари
Изминатата ноќ беше долга за пожарникарите, вработените во македонски шуми од Битола и доброволците од противпожарното друштво „Архангел“ кои учествуваа во гаснењето на пожарот во месноста Сливица, општина Новаци кој со натчовечки напори е локализиран.
-
Македонија 11.08.2024 10:58
ЦУК: „Бехтел – Енка“ помогна да се стопира крак од голем шумски пожар
Центарот за управување со кризи соопшти дека конзорциумот „Бехтел – Енка“ помогнал да се стопира крак од голем шумски пожар, кој се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско.
-
Македонија 11.08.2024 10:34
Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница
Утре на седница народните избраници ќе ја започнат тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024-та година.
-
Македонија 11.08.2024 09:30
Заврши националната манифестација „10 дена Крушевска Република“
Со манифестите на Крушевската Република и од АСНОМ, двата Илиндена ги зацврстуваат идентитетот и демократските определби на Македонија, како самостојна и ценета држава во Европа. Иако, Илинден меѓу народот има стабилна основа, се соочуваме со повеќе политички визии.
-
Македонија 11.08.2024 08:48
Татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 11.08.2024 08:43
Сончево и топло со слаб до умерен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
-
Македонија 10.08.2024 18:23
Владата ќе ја разреши Афрона Верзиволи од главен ревизор на ИПА фондови
Назначената Афрона Вервизоли ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата, по низата реакции за кредибилноста на главниот ревизор за претпристапната помош. Од Илинденска, потсетуваат за неправилности со располагањето на европските фондови на претходната власт.
-
Македонија 10.08.2024 17:26
Влада: Вервизоли ќе биде разрешена
Афрона Вервизоли, назначена за ревизор на европските фондови, ќе биде разрешена од местото, соопшти Владата. Од таму велат дека вниманието треба да се насочи кон злоупотребата на парите.
-
Македонија 10.08.2024 16:47
Шести ден битка со огнената стихија на Галичица
Шест денови трае битката со огнената стихија на Галичица. Екипите на противпожарната единица и ренџерите деноноќно на терен. Се дејствува и од копно и од воздух со ер-трактори и хеликоптери.










