Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон.
-
Македонија 25.07.2024 15:12
-
Македонија 25.07.2024 14:43
Средба на министерот Муртезани со австрискиот амбасадор Памер
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер.
-
Македонија 25.07.2024 14:27
Астрит Исени ја презема функцијата заменик министер за внатрешни работи
Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека за одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност.
-
Македонија 25.07.2024 14:24
Филипче: Згрешивме со измените на Кривичниот закон, да се донесе нов
Згрешивме со измените во Кривичниот законик-директен лидерот на СДСМ Венко Филипче. Сега вели дека од 2017-та има подготвен нов и истиот власта да го стави на јавна расправа. Бил координиран со меѓународната заедница и модел бил германскиот Кривичен законик.
-
Македонија 25.07.2024 13:58
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Замбија, со седиште во Анкара, Вилијам Мајпамбе Сиказве.
-
Македонија 25.07.2024 13:57
Приведен крадец од Охрид, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
На 25.07.2024 во 05.15 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(44) од Охрид.
-
Македонија 25.07.2024 13:47
Македонија и Србија со кампања „Вози одморен“
На граничниот премин „Табановце“, министерот за внатрешни работи Тошковски и потпретседателот на Србија, Дачиќ со директорите на Агенциите за безбедност во сообраќајот, во рамките на кампањата „Вози одморен“. Известува Елена Георгиевска.
-
Македонија 25.07.2024 13:43
Се утврдуваат критериумите за вработување на приватните специјализанти
Владата најави вработување на 600 приватни специјализанти. Критериумите ќе ги формулира Министерството. Што бараат младите кадри, денеска разговараа со Таравари и надлежните во здравството. Известува Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 25.07.2024 13:38
Филипче: Владата има лош старт
Лидерот на СДСМ, Филипче, признава дека усвоениот Кривичен законик во нивно време е лош, бара Владата да ја поправи грешката и да донесе ново законско решение. Одржа брифинг. Миле Ристески известува од Бихачка.
-
Македонија 25.07.2024 13:33
Активен пожарот во Општина Македонски Брод
Сè уште гори кај селото Тажево, општина Македонски Брод. Нема опасност по резерватот Јасен. На терен се 40 припадници на армијата и 30 специјалци од МВР и пожарникари кои ја контролираат состојбата за да не се прошири огнот.










