Дарио Николовски досегашниот директор на Агенцијата за енергетика формално ги предаде надлежностите на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.
-
Македонија 22.07.2024 19:51
-
Македонија 22.07.2024 19:31
Лишен од слобода крадец во Скопје, поднесена кривична пријава
Денеска од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно „тешка кражба на дрзок начин“ и две „тешки кражби во обид“. Г.В.
-
Македонија 22.07.2024 19:07
АСОМ: Нашите членки секогаш се на страната на законот
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија со реакција на изјавата на министерката Кочоска. Членките секогаш се на страната на законот, а Асоцијацијата секогаш се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.
-
Македонија 22.07.2024 18:58
МВР поднесе кривична пријава против две лица заради постоење на основано сомнение за злоупотреба на концесија за рудник
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против две лица од Кичево заради постоење на основано сомнение за злоупотреби на концесијата за рудник кај Кичево.
-
Македонија 22.07.2024 18:28
Министерот за локална самоуправа Златко Перински на состанок со градоначалниците на општините од Вардарскиот плански регион
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска во редовниот термин за состанок со градоначалниците имаше средба со градоначалниците на општините од Вардарскиот плански регион.
-
Македонија 22.07.2024 17:55
Објавени нето-платите на Мицкоски и министрите
Владата денеска ги објави платите на премиерот и на министрите. Највисоки примања имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кои месечно земаат по речиси 2 илјади и 300 евра.
-
Македонија 22.07.2024 17:39
Премиерот Мицкоски оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.
-
Македонија 22.07.2024 17:15
Средба на министерот Муртезани со норвешката амбасадорка Мелсом
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Кралството на Норвешка во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кристин Мелсом.
-
Македонија 22.07.2024 16:00
Интензивно гасење на пожарот кај Селце
Еден крак од пожарот на Серта на територија на Општина Штип е ставен под контрола, после неколкудневна борба со огнот помеѓу селата Селце и Пухче, истиот е локализиран, за сега без опасност од негово проширување.
-
Македонија 22.07.2024 15:33
Таравари: Нема повисоки плати во здравството, но ќе има нови вработувања
Вработувања во здравството ќе има, но не и зголемени плати за здравствените работници. Поради буџетскиот дефицит, министерот за здравство Таравари очекува разбирање од синдикатите бидејќи, како што вели, невозможно е да се потпише нов колективен договор.










