Се прават обиди да се стави под контрола и пожарот во штипскиот дел на Серта. Сè уште е затворен регионалниот пат Неготино – Штип. Пожарникарите, армијата и полицијата, интервенираат на терен. Направени се два базени покрај Брегалница за полнење на воздухопловите. Помош стигна од Турција.
-
Македонија 17.07.2024 13:33
-
Македонија 17.07.2024 13:31
Пресуда за четворица обвинети кои признаа вина за случајот „Синџир“
4 години и 11 месеци вкупна затворска казна изрече Кривичниот суд за тројца обвинети во случајот „Синџир“ кои на минатото рочиште признаа вина. Една обвинета е казнета условно, и нема да помине две години зад решетки, ако во наредните пет, не стори ново кривично дело.
-
Македонија 17.07.2024 13:27
Најсериозно и натаму е на планината Серта
Продолжува борбата со огнената стихија. Обид да се стават под контрола неколку пожари. Интензивни акции за гаснење и од небо и од земја.
Каде е најкритична ситуацијата, дали стигна нова меѓународна помош известува Ана Јосифовска Тодоровска.
-
Македонија 17.07.2024 13:24
Затворен граничниот премин Богородица поради пожар на грчка страна
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица.
-
Македонија 17.07.2024 12:33
Клима-уредите може да бидат фатални по здравјето, предупредуваат пулмолозите
Од неподносливите над 40 целзиусови степени спасот се бара во уредите за разладување. Но токму тие може да станат закана за здравјето.
-
Македонија 17.07.2024 12:16
Средба Филков-Григоријан
Министерот за правда Игор Филков оствари официјална средба со постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан на која се дискутираше за досегашната соработка и проектите кои треба да се реализираат.
-
Македонија 17.07.2024 11:35
Андоновски: Ако сакаме успех – институциите мораат да комуницираат меѓусебе
Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски имаше воведно обраќање на третата сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на Работната група 6 – Антикорупција, на тема „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој
-
Македонија 17.07.2024 11:26
Се прошири пожарот на Огражден, интервенираат два хеликоптера
Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред осум денови, од синоќа се проширил кон местото Рајаново.
-
Македонија 17.07.2024 10:57
Владата предложи до Собранието имиња на заменици министри
Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.
-
Македонија 17.07.2024 10:53
Царинска управа: Денес запленети 6.850 евра
Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.









