Пожар попладнево избувна и во Битола над ромската населба Баир. Ветрот и таму ги носи пламените јазици кон борова шума. Го гаснат над 50 луѓе – пожарникари, но и доброволци. Има повредени пожарникари.
Известува Стевче Митревски
Пожар попладнево избувна и во Битола над ромската населба Баир. Ветрот и таму ги носи пламените јазици кон борова шума. Го гаснат над 50 луѓе – пожарникари, но и доброволци. Има повредени пожарникари.
Известува Стевче Митревски
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов попладнево изјави дека денеска во земјата се активни десет пожари на отворено од кои неколку од попладнево, како што е шумскиот пожар над Радовиш, кој влезе во борова шума.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија средба со Карстен Манке и тимот експерти задолжени за спроведување на ИПА 3 проектот за унапредување на капацитетите на судот.
Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици денеска продолжи да дејствува врз пожар што е сè уште активен на планината Серта.
Претседателката Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националниот демократски институт (НДИ) и учесниците на претстојната Обука за младинско лидерство и Самит за политики во организација на овој институт.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Европската Унија, Амбасадорот, Дејвид Гир.
Во Центарот за управување со кризи денеска се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон, на која беше потенцирана досегашна успешна соработка помеѓу двете земји, како и поддршката која ја дава Британската влада во процесот на унапредување на нацио
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го повикува Град Скопје редовно да го чисти ѓубрето во општината особено за време на високите температури. Герасимовски алармира дека вреќи и купишта ѓубре има на многу делови во општината од кои се шири неподнослива миризба.
Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари.