Следниот викенд Галичник, средиштето на мијачијата, ќе ечи од тапаните и пиштење на зурлите. Љубовта уште еднаш ќе биде мотив за сватовите да заиграат. Судбоносното „да“ во живописниот Галичник ќе го кажат невестата Стефана и младоженецот Даријан.
-
Македонија 09.07.2024 14:39
-
Македонија 09.07.2024 14:25
АХВ најавува засилени контроли, потребен е поголем број на инспектори
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапува по спреченото криумчарење на два тона свинско месо на граничниот премин „Богородица“ од Царинската управа.
-
Македонија 09.07.2024 14:13
Реакции во јавноста предизвика неисправен автобус кој заврши во жардиниера
Поради неисправен автобус воланот ми закочи, жал ми е патниците што мора да се возат во вакви автобуси.
-
Македонија 09.07.2024 13:37
Изумрени риби во реката Брегалница
Изумрени риби се забележани во долниот тек на Брегалница во Делчевско. Од Спортското риболовното друштво апелираат надлежните да ги лоцираат загадувачите на реката, бидејќи секое лето се уништува рибниот фонд. На терен претпладнево беше и надлежниот инспектор.
-
Македонија 09.07.2024 13:23
За 300% зголемен бројот на пожари на отворено во прилепско
За 300% е зголемен бројот на пожари на отворен простор во прилепско во однос на минатите години. Пожарникарите беа ангажирани и на гасење во урбана средина, во индустрискиот дел во градот. Каква е моменталната состојба, известува Елизабета Митреска.
-
Македонија 09.07.2024 13:16
Трипуновски на средба со земјоделците од Пелагонија
Средба на министерот за земјоделство Трипуновски со земјоделците од Пелагонија. Нивната разочараност не попушта од ниската откупна цена на пченицата и скапите репроматеријали од една страна, и неодамнешното поскапување на лебот од друга страна.
-
Македонија 09.07.2024 12:51
Средба на министерот Муртезани со францускиот амбасадор Бомгартнер
Денеска Министерот Орхан Муртезани оствари средба со Амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, неговата екселенција Сирил Бомгартнер.
-
Македонија 09.07.2024 12:49
Ниските плати ги бркаат лекарите
Малку на број, амортизирани и дотраени, возилата на Итната медицинска помош многупати биле тема во медиумите. Но, тоа што треба да е тема е што нема лекари коишто имаат интерес да работат.
-
Македонија 09.07.2024 12:41
Пет затворски казни и една условна им изрече Судот на шестмина обвинети во предметот „Синџир“
Пет затворски и една условна казна изрече Кривичниот суд откако шестмина обвинети во случајот „Синџир“ признаа вина за даночно затајување и перење пари.
-
Македонија 09.07.2024 12:23
Жител на велешко Бањица каснат од змија додека миел раце во двор
Понеделникот навечер жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија. Според неговото кажување тоа било поскок. Настанот се случил околу 20:50 часот кога отишол да се измие во чешмата од семејниот двор, јавува дописникот на МРТ од Велес.









