Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.
-
Македонија 02.07.2024 21:09
-
Македонија 02.07.2024 20:36
Коце Трајановски назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта
Владата го назначи Коце Трајановски за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката денеска беше потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП.
Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми.
-
Македонија 02.07.2024 20:31
Силен ветер и во битолско, дрво падна врз автомобил
По силниот ветер во Скопје. Го зафати и битолско. Паднати дрвја, искршени автомобили.Александра Максимовска известува за невремето во битолско. -
Македонија 02.07.2024 20:00
Ќе се врати металната ограда пред зградата на Влада
Металната ограда повторно ќе биде поставена околу владината ограда во центарот на Скопје – одлучи владата. Откако била отстранета наместо да се пренамени соодветно како што беше најавено, завршила под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден.
-
Македонија 02.07.2024 19:37
Средба Тошковски – Лимани
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.
-
Македонија 02.07.2024 18:41
Средба на заменик на претседателот на Владата и министерот за транспорт, Николоски и евроамбасадорот Гир
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот ЕУ, Дејвид Гир.
-
Македонија 02.07.2024 18:15
Андоновски: Над 20 нови дигитални услуги за граѓаните
Еден од начините како да ја намалиме корупцијата е процесот на дигитална трансформација на Македонија, истакна на Македонско радио, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
-
Македонија 02.07.2024 17:05
Силен ветер, паднати дрвја, повредена жена во Скопје
Од силниот ветер дрво падна во центарот на Скопје и повреди жена. Оштетен е и паркиран автомобил. Според ЦУК, паднати дрвја, оштетени кровови и автомобили, откачени кабли има на повеќе локации во главниот град. -
Македонија 02.07.2024 16:04
Деспотовски: 11.000 членови не гласаа
Изборниот процес за претседател на СДСМ не може да заврши без одговори зошто на 11.000 членови не им беше дадено да гласаат, вели кандидатот Јован Деспотовски. Не поднел приговори оти комисијата го заклучила изборот.
-
Македонија 02.07.2024 15:34
Владата одлучи: Укинување на позицијата економски директори на Клиниките, нови кадрови решенија и враќање на оградата на владината зграда
Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлука за укинување на економските директори на Клиниките и одлука за именување на раководни кадри на пет државни институции.










