Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.
Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 8.
Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.
Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 8.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во Луксембург.
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, a времето на чекање за влез во земјава е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот станд
Фокусот на новата влада се евроинтеграциите, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој првиот работен ден го почна во Луксембург, каде на иста маса седна со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија и Западен Балкан.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно запознавање со фактичката состојба во делот на издавање на личните документи.
Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер упати честитки за формирањето на новата влада.
Блокирани улици, автомобили со искршени стакла, поплавени подруми, уништени дрвја и земјоделски поседи. Повеќе од 2.700 повици на телефонскиот број 112 за пријави на штети од невремето. Се санираат штетите, најмногу беа регистрирани во Скопје и во Тетово.
Енергетското портфолио на државата наскоро ќе биде збогатено со ветерен парк лоциран помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш.
Вонредниот инспекциски надзор направен во Клиничката болница во Битола, на Детската клиника во Скопје и кај матичниот гинеколог во Битола, а од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат покажа дека кај новороденчето е дијагностициран респираторен дистрес синдром, а причината поради к