На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
-
Македонија 23.06.2024 09:25
-
Македонија 23.06.2024 09:14
Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
-
Македонија 23.06.2024 09:06
Продолжува седницата за избор на новата влада, треба да се изгласа до полноќ
До денеска на полноќ треба да се избере новата влада предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во Собранието продолжува расправата по програмата и предлогот за состав на владиниот кабинет.
-
Македонија 22.06.2024 19:27
Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре
Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна до полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници.
-
Македонија 22.06.2024 19:16
„Сириза“: Мицкоски повторно го прекрши Договорот од Преспа
Грчката опозициска партија „Сириза“ денеска внимателно го следела експозето на мандатарот Христијан Мицкоски во парламентот. Дури и броела колку пати, тој земјата ја нарекол, Македонија.
-
Македонија 22.06.2024 17:08
Хеликоптер на МВР со исфрлени над 25 тони вода го стави под контрола пожарот во кичевско
Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево.
Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 22.06.2024 15:54
Мицкоски ветува силна економија и многу проекти, опозицијата со критики
Време е да ги засукаме ракавите. Повикувам на единство и заедничка работа, за иднината на нашите деца, за подобар живот. Ова во експозето од собраниската говорница го изјави мандатарот Христијан Мицкоски кој најави нови капитални инвестиции и проекти за економско зајакнување на Македонија.
-
Македонија 22.06.2024 15:09
Наезда на змии во Скопје
Топлото време и високите температури во овој период од годината се причина за појавување на влекачи. Граѓаните сè почесто забележуваат змии на јавни површини.
-
Македонија 22.06.2024 14:41
Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион
Поздрава животна средина, намалување на стакленичките гасови, но и двојно пониска цена на топлинската енергија за битолчани. Со ваква визија е менаџерски експертски тим кој ја лансираше идејата за „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“.
-
Македонија 22.06.2024 14:03
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
Синоптичарите за утре попладне и во текот на следната недела најавуваат честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топлото време, но со постепено опаѓање на дневната температура.









