-
Македонија 06.06.2024 13:23
Последен ден за поднесување на кандидатурите за лидер на СДСМ
Во трка за лидерската функција во СДСМ засега петмина. Се кандидираше и Александар Бајдевски екс-министерот за информатичко општество и администрација.Александра Велинова известува пред седиштето на СДСМ. -
Македонија 06.06.2024 13:18
Мицкоски го доби мандатот за формирање Влада
Претседателката Сиљановска – Давкова му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, за состав на Влада. Пред да се гласа за новата влада, ќе се прави реорганизација, ќе се формираат нови и трансформираат стари министерства.
-
Македонија 06.06.2024 12:08
Од понеделник ќе бидат подготвени две сали за закажани операции
Резултатите од Германија се чекаат, хируршките клиники со надворешни и внатрешни компресори привремено го решаваат проблемот во здравството. Со една сала што работи во две смени – ова значи дека има привремено, но, не и трајно решение за хаосот со оперативниот блок на Хирургија.
-
Македонија 06.06.2024 12:04
Матурантите во сабота полагаат втор екстерен испит
Во сабота се полага вториот изборен предмет од матурата.
-
Македонија 06.06.2024 10:48
Претрес во велешко, приведен крадец
Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко.
-
Македонија 06.06.2024 10:13
Царинска управа: Запленет над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари на ГП Богородица
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.
-
Македонија 06.06.2024 09:35
ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие
Вкупно 1.833 повици се евидентирани на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 за 24 часа. Од нив, „реални“ – 60,94 проценти, а 39,06 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни.
-
Македонија 06.06.2024 09:07
Судиите денеска треба да изберат двајца нови членови
Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и уште еден од битолското апелациско подрачје.
-
Македонија 06.06.2024 09:05
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од 04:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Битола-с. Драгош е нормализиран, информира АМСМ.
-
Македонија 06.06.2024 09:00
МВР: 120 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.










