По распитот во Кривичниот суд, членот на Советот на Јавни обвинители Иџет Мемети, без многу детали рече дека очекува истрагата брзо да заврши. За релациите со првоосомничениот во случајот, судијата Наке Георгиев, тој рече дека се познава и со судиите и со обвинителите.
-
Македонија 23.05.2024 18:55
-
Македонија 23.05.2024 17:39
Судот му го одзеде пасошот на Иџет Мемети
Иџет Мемети заменик претседателот на Советот на јавни обвинители остана без патната исправа. Судија на претходна постапка му одреди мерки на претпазливост на второосомничениот во случајот за примање поткуп во кој во триесетдневен притвор заврши врховниот судија Наке Георгиев.
-
Македонија 23.05.2024 17:25
Сиљановска Давкова на аудиенција кај папата
Претседателката Сиљановска Давкова со аудиенција кај папата Франциск ја почна официјалната посета на Ватикан и на Рим во рамки на чествувањето на 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. По средбата оцени дека сме пример за религиозен дијалог.
-
Македонија 23.05.2024 16:52
СДСМ со отчетен конгрес и избор на нов претседател
Социјалдемократите нов претседател ќе бираат во јуни. Ова следи по оставката која ја поднесе Димитар Ковачевски. Внатрепартиските избори ќе ги спроведе Централната изборна комисија. Ќе се формираат работни групи која ќе го рестартира членството за гласање на директни избори“.
-
Македонија 23.05.2024 16:18
Комбинаторики за формирање Влада
Продолжуваат преговорите на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „Влен“ за учеството во коалицијата во новата влада. Не се откриваат официјални детали каде се фокусирани, и дали веќе се знае со кој ресор чиј кадар ќе управува.
-
Македонија 23.05.2024 16:12
Гевгелиската болница повторно доби донација од амбулантно возило
Гевгелиската болница доби ново амбулантно возило со што се очекува да се подобри квалитетот на јавно здравствените услуги. Станува збор возило целосно опремено кое ќе го користи службата за итна медицинска помош во Гевгелија донација од Новоматик Македонија.
-
Македонија 23.05.2024 15:54
Телефонски разговор на претседателката Сиљановска Давкова со украинскиот претседател Зеленски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
-
Македонија 23.05.2024 15:17
По прегласувањето еден пратеник повеќе за „Вреди, еден помалку за „Европски фронт“
По првичните резултати од прегласувањето во седумте избирачки места во ИЕ5 и ИЕ6, „Европскиот фронт“ изгуби еден, а коалицијата „Вреди“ доби пратеник. Во изборната единица шест, ДУИ и „Вреди“ сега имаат ист број пратеници.
-
Македонија 23.05.2024 15:15
Министерството за здравство не кажува како ќе го реши скандалот на Токсикологија
Министерството за здравство не одговара како ќе ги решава незаконските вработувања на Клиниката за токсикологија.
-
Македонија 23.05.2024 15:04
Во вторник конститутивна седница на Собранието
Конститутивната седница на Собранието е закажана за вторник идната недела. Извесно е дека во фотелјите ќе седнат 118-те народни избраници што ги добија уверенијата. Ако нема поместувања по добиени приговори до ДИК, по прегласувањето нема да настанат промени во пратеничките места.










