Македонија денеска гласа на двојни избори. На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317, додека право на глас на парламентарните избори имаат 1.815.350 избирачи запишани во Избирачкиот список.
-
Македонија 08.05.2024 09:25
-
Македонија 08.05.2024 09:25
Во Битола гласањето тече мирно и достоинствено
Започна гласањето во Битола. Точно во 7 часот отворени се сите 170 гласачки места. Како тече изборниот процес во Битола, известува Стевче Митрески.
-
Македонија 08.05.2024 08:53
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 08.05.2024 08:48
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
-
Македонија 08.05.2024 08:41
Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи
ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.
-
Македонија 08.05.2024 08:40
ДИК: Гласањето за затворениците, болните лица и дијаспората помина без проблеми
Вчера гласаа затворениците и лицата во притвор, болните и немоќните, лицата во старечките домови, внатрешно раселените и македонската дијаспора. Од Државната изборна комисија информираа дека гласањето поминало без проблеми.
-
Македонија 08.05.2024 08:32
Започна гласањето во Прилеп
Отворени избирачките места во Прилеп. 142 избирачки места на кои граѓаните денеска имаат право да гласаат во вториот круг на претседателските и парламентарните избори.
-
Македонија 08.05.2024 08:13
ДИК подготвена за изборниот процес
Македонија гласа на двојни избори. За претседателските избори со право на глас се 1.814.317 граѓани, а за парламентарните, во избирачкиот список се запишани илјада и 35 гласачи повеќе. Од Државната изборна комисија известува Елизабета Кузмановска.
-
Македонија 08.05.2024 08:00
Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 08.05.2024 07:56
Двојните избори ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 2246 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1303.










