СДСМ реагира дека Македонија нема време за чекање со децении за членство во ЕУ. Обвинува дека се продадени националните интереси. Прес-конференција одржа лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Ирина Гелевска известува од Бихаќка.
СДСМ реагира дека Македонија нема време за чекање со децении за членство во ЕУ. Обвинува дека се продадени националните интереси. Прес-конференција одржа лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Ирина Гелевска известува од Бихаќка.
27-годишник од Росоман утрово со остар предмет си ја убил својата мајка. По инцидентот сам се пријавил во полиција. Екипи на обвинителството и полицијата вршат увид во семејниот дом.
Петар Печков има повеќе информации.
Стојанче Јовановски седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, обвинет дека преку семејно насилство ја навел сопругата Ивана на самоубиство, по пад од балкон со неа животот го загуби ќерката Катја. Обвинетиот призна вина за две дела, но тврди дека бил присилен.
Во рамки на посетата на Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, при што ќе се разговара за продлабочување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелните регионални и европски теми.
80-годишен грчки државјанин, осомничен за убиство на ловочувар во близина на Виница. Против останатите тројца инволвирани, меѓу нив еден македонски државјанин, ќе има соодветни поднесоци до Обвинителството, соопштија од МВР.
На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во Скопскиот кривичен суд за денеска е закажан почетокот на судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која заедно со нивната ќерка Катја на 2-ри март изврши самоубиство по пад од балкон од семејниот дом во Тафталиџе.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.