Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за претседателските избори и ќе трае до утре до 19 часот до затворање на гласачките места. На претседателските избори 2024-та година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати.
-
Македонија 23.04.2024 10:15
-
Македонија 23.04.2024 09:51
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
На седмите претседателски избори што ќе се одржат утре на 24 април, право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи.
-
Македонија 23.04.2024 09:46
Граѓаните ќе можат да подигнат лични документи и на денот на гласањето
Граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични документи и в среда, на 24 април, на денот на одржувањето на првиот круг од претседателските избори. Од МВР посочуваат и дека скопјани ќе можат личните карти да ги подигнат и во полициските станици.
-
Македонија 23.04.2024 09:43
Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората
Гласање за претседателските избори денеска се спроведува за болните и изнемоштените, затворениците во Казнено-поправните домови и лицата во притвор, за оние во старските домови и за нашинците во странство.
-
Македонија 23.04.2024 09:36
ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
-
Македонија 23.04.2024 09:35
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
Државната изборна комисија пред утрешните претседателски избори објави упатство за гласање на граѓаните. Во него во 18 точки се појаснуваат начинот и процесот на гласање на избирачките места.
Во продолжение е целосното упатство на ДИК за гласање на претседателските избори:
-
Македонија 23.04.2024 09:26
Протест на вработените во прилепскиот затвор
Вработените и полицајците од прилепскиот затвор од денеска почнуваат протести секој ден меѓу 12 и 14 часот, поради како што велат, лошите работни услови.
-
Македонија 23.04.2024 09:11
Награди на СЕММ за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, објавени во периодот мај 2023 – април 2024.
-
Македонија 23.04.2024 09:07
Молк пред утрешните претседателски избори
Од ноќеска на полноќ почна изборниот молк за претседателските избори и ќе трае до утре до 19 часот до затворање на гласачките места. На претседателските избори 2024 година граѓаните ќе можат да избираат меѓу седуммина кандидати.
-
Македонија 23.04.2024 08:34
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










