Се повеќе страдаме од корумпирани елити и од лошо менаџирање на природните ресурси – децидна е кандидатката за претседател од „Левица“, Билјана Ванковска. Во својата изборна програма најави дека ќе бори против корупцијата, но вели дека ќе покрене постапка и за излез од НАТО.
-
Македонија 18.04.2024 15:34
-
Македонија 18.04.2024 15:05
Вработените во културните институции од утре на протест поради неисплаќање на мартовската плата
3.000 работници од дејноста култура не ја добиле мартовската плата. За неколку дена ќе останат без здравствено осигурување. Доколку во текот на денот платата не им биде исплатена и усогласена со колективниот договор, а тоа значи повисока за 12,5 отсто, за утре најавија протест.
-
Македонија 18.04.2024 15:00
Димитриевски: Ќе обезбедиме 13-та пензија
„Секој пензионер во форма на субвенција да добие 13-та пензија, е дел од програмата на движењето ЗНАМ За наша Македонија.
-
Македонија 18.04.2024 14:59
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најавуваат позитивна кампања
Нема да дозволам да се носат закони што се спротивни на Уставот. Нам ни треба владеење на право и правна држава. Нам ни требаат слободи и права и независно судство, ако го немаме тоа, ќе немаме ни држава.
-
Македонија 18.04.2024 14:51
Приватните специјализанти и покрај владината одлука не се откажуваат од штрајкот
Од понеделник приватните специјализанти ќе протестираат пред Министерството за здравство, за да ги види министерот и да го потсетат дека не им се исполнети барањата. Мотото ќе биде „5 до 12 за македонското здравство“.
-
Македонија 18.04.2024 14:40
Таравари е оптимист дека ќе ја добие поддршката од граѓаните
Кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, вели – гласот за мене на претседателските избори ќе донесе победа и на парламентарните на 8-ми мај.
-
Македонија 18.04.2024 14:39
СДСМ и коалицијата ја започнаа кампањата за парламентарните избори
Почеток на кампањата за парламентарни избори, но и продолжување на претседателската трка.
-
Македонија 18.04.2024 14:15
Изречена казна доживотен затвор за убиство во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.
-
Македонија 18.04.2024 13:56
МОН: Во деновите пред избори ќе има редовна настава, во училиштата кај што ќе се гласа наставата ќе биде скратена
Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.
-
Македонија 18.04.2024 13:33
Културните работници без плата за март
Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести кои нема да запрат се до исплаќањето на платата за месец март усогласена со колективните договори.










