На 06.04.2024 во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Н.С.(29) од село Воиславци, радовишко и Ј.А.(22) и Ѓ.О.(21) од Радовиш.
-
Македонија 08.04.2024 10:53
-
Македонија 08.04.2024 10:36
Санкционирани 206 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ПОЦ.
-
Македонија 08.04.2024 09:34
Новинарот Фуркан Салиу синоќа пуштен од полициска станица
Новинарот Фуркан Салиу доцна синоќа пуштен од полициска станица. Негира дека нападнал полициски службеник.
Смета дека е уапсен затоа што снимал како полицијата тепа недолжно момче на фудбалски натпревар. За пиштолот, најден расклопен во неговиот автомобил, вели дека поседува дозвола.
-
Македонија 08.04.2024 09:30
332 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 332 возачи.
-
Македонија 08.04.2024 09:28
Дел од општина Карпош денеска без вода
Денеска поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Џумајска 47, без вода ќе бидат корисниците од улицата Џумајска во општина Карпош.
Прекинатото водоснабдување ќе биде од 10,00 часот до завршување на интервенцијата, извести РЦУК – Скопје.
-
Македонија 08.04.2024 09:25
Без струја дел од Центар
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисници од општина Центар, извести РЦУК – Скопје.
-
Македонија 08.04.2024 08:54
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 08.04.2024 08:51
На денешен ден пред 31 година Македонија стана членка на ОН
На 8-ми април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7-ми април 1993 година.
-
Македонија 08.04.2024 08:37
Самостојниот синдикат за здравство на протест
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), за денеска најави протест пред Министерството за здравство.
-
Македонија 08.04.2024 08:32
ОЈО: Истражна постапка против едно лице за лажно претставување и изнуда
Скопското обвинителство поведе истражна постапка против едно лице под основано сомнение дека сторило кривично дело лажно претставување и изнуда.










