Утре почнува предизборната кампања за претседателските избори и ќе трае до 22-ри април на полноќ. Претседателските избори ќе се одржат на 24-ти април, среда и тој ден ќе биде неработен. Во трка се седуммина кандидати за избор на шеф на државата.
-
Македонија 03.04.2024 08:15
-
Македонија 03.04.2024 08:03
Османи на НАТО Министерски состанок во Брисел
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Брисел ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.
Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.
-
Македонија 03.04.2024 07:51
Сончево со мала до умерена локална облачност
Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.
-
Македонија 02.04.2024 21:34
Шумски пожар во гостиварско Дебреше
Шумски пожар вечерва избувна во атарот на гостиварското село Дебреше, опожарена е борова шума. Заради интензитетот и временските услови гаснењето е отежнато.
-
Македонија 02.04.2024 20:29
Села тврди го добил спорот, Таравари не е известен
Основниот суд Тетово одлучи Алијансата за Албанците да припадне на таборот на Зијадин Села. Со ваквата одлука ова крило ги добива печатите на партијата.
-
Македонија 02.04.2024 20:09
Конвенција на Стево Пендаровски
Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој на претстојните претседателски избори се трка за втор мандат за шеф на државата, вечерва ќе одржи Конвенција на која ќе ја претстави изборната програма. Известува Борис Грујоски.
-
Македонија 02.04.2024 19:14
На полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за пратеници
Вечерва на полноќ истекува законскиот рок во кој коалициите и политичките партии треба да ги достават кандидатските листи за претстојните парламентарни избори.
-
Македонија 02.04.2024 17:42
Потпишан кодексот за фер и демократски избори
Кандидатите за претседател, освен Стевчо Јакимовски, потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Досега две коалиции и две партии ги доставиле листите за пратеници до Државната изборна комисија за изборите на 8-ми мај. Рокот е до полноќ. Со последните информации од ДИК, Миле Ристески.
-
Македонија 02.04.2024 16:38
Две лица приведени за инцидентот во Арачиново
Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи во Арачиново во кој настрадаа две лица, потврдуваат за јавниот сервис од МВР. Оттаму велат дека полицијата е на терен и постапува по налог на обвинителот, со цел да се расветли случајот.
-
Македонија 02.04.2024 16:16
Османи на НАТО министерски состанок во Брисел
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО министерскиот состанокот.
Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75-годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.










