Македонија одбележува четири години од членството во НАТО. Силни пораки денеска испраќаат владините претставници.
Ирина Гелевска известува од Министерството за одбрана.
Македонија одбележува четири години од членството во НАТО. Силни пораки денеска испраќаат владините претставници.
Ирина Гелевска известува од Министерството за одбрана.
Македонија е домаќин на состанокот на министри за европски прашања на земјите учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. Нашата земја го презеде претседавањето со иницијативата од Црна Гора во јули, минатата година.
Уште една седмица до стартот на изборната кампања, а парламентот последната седница ќе ја одржи неделава. Потоа се распушта в петок. Политичките партии се подготвуваат за изборите, а подготовки прават и странските набљудувачи.
Без квалитет и едуциран кадар компаниите не можат долгорочно да сметаат на иновативен и економски развој. Потребата од заедничко препознавање по втор пат на Техничкиот факултет ги собра студените и менаџерите.
Течат роковите на ДИК за изборните активности за претседателските и парламентарните избори. На дневен ред расправа за изземање на лица во општинските изборни комисии.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа деновите на НАТО во земјава, со кои одбележуваме 4 години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.
Реактивната мисија на УНЕСКО од денеска е во Охрид со цел да утврди дали и колку се спроведуваат препораките кои државата и локалните институции ги добија во септември минатата година, откако беше добиен извештајот дека Охридскиот регион останува на Листата на заштитени подрачја на светската орга
Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими делегацијата на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.